Поранешниот потпредседател на Советот на играчи на АТП, Кевин Андерсон, ќе го замени Новак Џоковиќ на местото председател.
Џоковиќ се повлече од таа позиција пред US Open и стана лидер во создавањето на новата Асоцијација на на играчи.
Покрај него, оставки поднесоа и Џон Иснер, Васек Посписил и Сем Квери, а АТП објави дека четворица нови играчи се избрани во Советот – Феликс Аугер-Алиасим ќе ги претставува оние од 1 до 25 место на списокот, а ги има и Џереми Шарди, Џон Милман и Енди Мареј.
Покрај нив, во советот се и Јен-Хсун Ли, Јирген Мелцер, Бруно Соарес, како и две големи имиња – Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Коментари
Loading…