Арсенал потврди дека клубот ги затворил просториите кадешто тренираат академците отакако член на тренерскиот тим се тестирал позитивен на коронавирусот. Клубот потврди дека позитивниот тест бил добиен во средата и личноста била веднаш ставена во самоизолација, заедно со 6 други членови.

Академијата ќе биде затворена и ќе се изврши чистење и дезинфицирање на просториите и после тоа клубот ќе одлучи кога таа повторно ќе биде отворена. Во оваа академија играат играчи на Арсенал од 9 до 16 години.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…