По поразот во финалето од плејофот во НБА, Батлер изјави дека ќе мора да се обиде повторно да ја освои титулата со Мајами затоа што, како што рече, им ветил на организацијата тренерот и неговите соиграчи дека ќе го донесе прстенот.
По доаѓањето од Филаделфија, Џими Батлер беше алфа и омега во Мајами. Тој беше лидерот што му беше потребен на Мајами Хит по заминувањето на Двејн Вејд. Овој кошаркар можеше да го одигра целиот натпревар на највисоко ниво за да дојде до триумф. На крајот, тоа не беше доволно, но Батлер сигурно ќе сака да се обиде повторно.
„Ова го побара тимот од мене, ова го побара организацијата од мене. Им реков дека ќе го освојам шампионатот за нив и не го исполнив мојот дел од договорот, што значи дека треба да се обидам повторно следната година. Му реков на тренерот Пит, тренерот Спо, јас бев тука да ја освојам титулата. Не ја завршив својата работа, затоа одам понатаму и морам да го исполнам ветеното!„. рече Џими Батлер.
Коментари
Loading…