Каи Хаверц и Тимо Вернер, новото напаѓачко дуо на Челзи, се запишаа во листата на стрелците во натпреварот кој заврши без победник помеѓу Германија и Швајцарија во Лигата на Нациите. Фантастичното дуо успеа да забележи и по асистенција, но тоа не беше доволно за победа.

Играчот на Бајерн Минхен Серж Гнабри го постигна последниот гол за Германија и така го постави конечниот резултат од 3:3. Стрелци за погодоците во Швајцарија беа Гаврановиќ 2 пати и Фрулер. Тони Крос го забележа 100тиот настап за репрезентацијата овој натправар. Во следната рунда Германија оди на Украина, а Швајцарија на Шпанија во рамките на групата А4.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…