Германија конечно ја запиша својата прва победа во Лигата на Нации против Украина во натпревар во кој присуствуваа околу 20,000 навивачи на трибините на Кијевскиот стадион. Екипата на Јоаким Лев не успеа да победи во претходните 6 натпревари се до вчерашниот меч.

Германија поведе во 20тата минута преку Гинтер, водството го зголемија по голот на Бајерновиот Леон Горецка по грешката на голманот Грегориј Бушан. Украинците успеаа да го направат натпреварот неизвесен преку голот од белата точка на Руслан Малиновски. Но сепак Германија издржа до крајот и победи со резултат 2-1.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…