in ,

Гризман: Селекторот знае на која позиција да ме стави

После зборовите на Дидие Дешамп, селекторот на Франција, за игрите и позицијата на Гризман во националниот тим и клубот, се огласи и напаѓачот на Петлите и Каталонците.

Antoine Griezmann

Еден од хероите на победата во Загреб над селекцијата на Хрватска (2:1), ја опиша ситуацијата со првиот гол кај Максимир, а потоа зборуваше за неговиот статус во националниот тим и клубот.

„Мислам дека постигнав еден од најдобрите голови во мојата кариера. Сакав силно да ја погодам топката, дури и по цена да заврши на трибините. Се чувствував добро во тој момент„ рече Гризман и додаде:

„Тренерот добро знае во која позиција да ме стави. Само што го искористив овој момент, таа позиција и самодовербата на тренерот и соиграците„ додаде 29 годишниот ас.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote