Поранешниот напаѓач на ПСЖ Едисон Кавани се очекува да пристигне во Англија и да потпише за Јунајтед денеска. Уругвајскиот репрезентативец, 33, беше слободен агент ова лето и по сите изгледи пронајде нов клуб. Кавани ќе потпише 2 годишен договор со Црвените Ѓаволи.
Кавани го напушти ПСЖ во Јуни, причината за тоа беше несогласувањата со Нејмар и со управата. Најголем проблем во потпишувањето на Кавани беше неговата енормна плата и процентот кој го зема агентот. Но по сите изгледи тимот од Манчестер се договорил околу тие работи и се очекува Едисон да се приклучи на екипата во најбрзо можно време.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…