Напаѓачот на Челзи Оливие Жиру го престигна Мишел Платини на втората позиција за најдобри стрелци во француската репрезентација во пријателскиот натпревар со Украина. Жиру, 34, стрелаше два пати и го постигна својот 42 гол на својот 100ти јубилеен настап. Сега е на само 9 погодоци до првопласираниот Тиери Анри кој има 51 погодок за французите.
Франција ја победи Украина со високи 7-1 и ова е најголем пораз на украинците кој се предводени од поранешниот играч на Милан и на Челзи – Андриј Шевченко.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…