Полската тинејџерка Ига Свиатек стана една од најниско рангираните шампиони во историјата на спортот. 19 годишната тенисерка успеа да ја победи Американката Софија Кенин со резултат 6-4 6-1 и го подигна трофејот без да загуби сет цел турнир.

„Не знам што се случува, јас сум многу среќна. Лудо е. Пред две години го освоив јуниорскиот Вимблдон, а сега Ролан Гарос. Многу работи се случија во многу кратко време“ изјави Свиатек, полна со емоции. Ига е првата полска тенисерка што успеала да освои Гренд Слем титула во историјата на спортот.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…