Герет Саутгејт верува дека Хери Кејн ќе биде спремен да стартува за Англија во наптреварот против Данска во Лигата на Нациите во среда. Тренерот на Тотенхем го предупреди Саутгејт да не го користи Кејн во сите 3 натпревари за Англија за време на репрезентативната пауза.
И покрај загриженоста на Жозе Мурињо, Саутгејт е сигурен дека капитенот на Англија ќе може да стартува во следниот натпревар. „Почна да тренира минатата среда, беше малку загрижен за тоа како се чувствува и работеше со нашиот медицински тим следните неколку денови. Тој ги скенираше мускулите и не пронајдовме никакви знаци на повреда. Му требаше само малку самодоверба“ изјави тренерот на Англија кога беше запрашан за состојбата на Кејн.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…