Тимот на Карло Анчелоти може да стане вистинскиот предизвик за Ливерпул во Премиер Лигата тврди менаџерот на Црвените Јурген Клоп. Карамелите моментално се на врвот на табелата со 4 победи од 4 натпревари под водство на Италијанецот кој беше назначен за тренер минатиот Декември. Тие се соочуваат со нивните градски ривали Ливерпул во сабота.

„Мислењето што го имам за Анчелоти никогаш не беше тајна. Многу го почитувам. Тој е неверојатен човек. Кога слушнав дека потпишува за Евертон знаев дека тоа ќе биде предизвик за мене. Тие направија одлична работа ова лето и ги пронајдоа вистинските играчи што им требаа за да се подобрат. Заедно со работата Карло ја извршува тие се феноменален тим“ изјави Клоп за своите ривали.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…