Напаѓачот на Бајерн Минхен Роберт Левандовски ја продолжи својата неверојатна низа за постигнување на погодоци во мечот против Босна и Херцеговина во кој успеа да ја затреше мрежата 2 пати. Победата од 3-0 ја однесе Полска на првата позиција пред Италија и Холандија во групата А1 на Лигата на Нациите.
Левандовски сега има 63 погодоци за својата држава. Тој успеа да постигне 55 гола од 47 натпревари минатат сезона за Бајерн и ја освои Лигата на Шампионите, Бундеслигата и Германскиот Куп. Од Полјаците и Линети се запиша во листата на стрелците во 45тата минута.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…