Напаѓачот на Бајерн Минхен, Роберт Левандовски беше прогласен за „играч на годината “ на UEFA за сезоната 2019/20. Полскиот репрезентативец, 32, ги победи Кевин де Брујн и неговиот тимски колега Мануел Ноер за освојување на наградата. Тренерот на Баерн Ханси Флик беше прогласен за тренер на годината.
Левандовски постигна 55 погодоци во 47 натпревари за Бајерн минатата сезона и им помогна на Баварците во освојувањето на Лигата на Шампионите, Бундеслигата и Германскиот Куп. Со тоа тимот од Минхен ја комплетираше тројната круна по втор пат во текот на оваа декада.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…