ЛеБрон Џејмс изјави дека Лејкерс имаат уште „многу работа да завршат“ доколку сакаат да ги победат Мајами Хит во финалето и да дојдат до шампионскиот прстен. Ентони Дејвис беше најефикасен за Лејкерси со 34 поени, додека Џејмс додаде 25 поени и 9 асистенции. Џими Батлер постигна 23 за Хит, но ги загуби Горан Драгиќ и Бам Адебајо поради повреди.

„Работата сеуште не е завршена. Не сме задоволни само со една победа. Чуствувам колку незгодно игра Мајами. Имаме уште многу работа, не е толку едноставно“ изјави ЛеБрон.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…