Тимскиот шеф на Формула 1 тимот на Мерцедес Тото Волф изјави дека компанијата нема да го снабдува Ред Бул со мотори од 2022. Партнерот на Ред Бул – Хонда соопшти минатата недела дека ќе ја напушти Формула 1 и ги остави двата тима на Ред Бул без мотори за нивните болиди.
Волф изјави дека има неколку причини за таквата одлука на Мерцедес. „Ние снабдуваме 4 тима заедно со нас. Ние сме во состојба кадешто не можеме да произведуваме мотори за сите. Немаме доволно капацитет“ изјави Тото. Мерцедес ќе ги снабдува МекЛарен, Рејсинг Поинт и Вилиамс вклучувајќи го и неговиот фабрички тим од следната година.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…