Раул Фернандез, возачот на тимот на Ред Бул КТМ Ајо, беше најдобар на третиот тренинг во класата Mото 3 пред неделната трка во Ле Ман.
Возачот на Ред Бул КТМ беше најдобар на третиот тренинг пред неделното Гран при на Франција. Шпанецот извози најбрз круг (1:42:153).
По него следеше Селестино Вијети од Sky Racing тимот VR46 со заостанување од 0.045, а третиот на табелата беше Романо Фенати.
Квалификациите во класата Мото 3 се возат од 12:35 часот.
Коментари
Loading…