Дванаесеткратниот шампион, Рафаел Надал, со пола труд го победи американецот Мекензи МекДоналд во втората рунда на Ролан Гарос. Шпанецот, 34, загуби само 4 гејмови и победи со резултат 6-1 6-0 6-3. Надал има загубено само 2 натпревари од Ролан Гарос уште од 2005 година и се обидува да го подигне трофејот од овој турнир 4та година по ред.

„Целта ми беше да играм што е можно подобро. Многу сум среќен, но натпреварот не беше толку лесен како што изгледа. Чест ми е да играм во Париз секогаш“ изјави Рафа. Надал ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Кеи Нишикори и Стефано Травалија во следната рунда.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…