Овен
Се потпирате на своите манири, но внимавајте без добра подготовка, план или проценка нема успех. Потребно е да се согласувате со вашите пријатели. Можеби ќе ја изненадите околината со повлекување во себе. Некои од вас искрено ќе се грижат за блиските личности и со нив ќе ги координираат плановите. Во слободно време може да ви се случи да ја запознаете вистинската љубов. Избегнувајте ги напорните работни задачи бидејќи лесно ќе се заморувате.
Бик
Чувствувате дополнителен прилив на енергија и подготвени сте максимално да се ангажирате во повеќе правци. Добивате поддршка од околината. Сите обврски ќе паднат врз вашиот грб. Бидејќи сте дозволиле околината да ве смета за личност која е способна за се, која не знае да каже „не“, тогаш мора и многу да се потрудите. Обидете се од време на време да кажете некоја лага или изговор доколку сакате да се спасите од нападните.
Близнаци
Истовремено сте ангажирани на повеќе полиња и совесно го исполнувате својот дел од обврските. Продолжете со промислените потези, немојте да дозволувате друг да донесува одлуки во ваше име. Оваа недела премногу брзо ќе се одлучите за нешто во што ни самите не сте уверени. Можеби ќе ви успее, но вашите можности се повеќе отколку минимални. Во прв план сепак ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините.
Рак
Понекогаш умеете непотребно да замислувате работи кои другите не ги гледаат и да ги преувеличувате своите идеи. Побарајте навреме нечиј совет во врска со односот со партнерот. Ова ќе биде динамична недела. Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. Викендот е поволен за сите видови на работа. Планетите ве поддржуваат па можете да започнете и некоја нова работа. Кондицијата ви е одлична, а финансиската состојба без позначајни промени.
Лав
Размислете за промена на одредени критериуми и услови во договор со пријателите. Слободно инсистирајте на своите идеи, бидејќи имате одлични замисли. Оваа недела ќе бидете во емотивен занос. Можеби ќе доживеете некои незгодни и непријатни изненадувања. Воглавно се може да се одвива со успех, но немојте премногу да се двоумите, затоа што под дејство на тие ваши колебања се оневозможува реализација на многу ваши потенцијали.
Девица
Потрудете се успешно да ги спроведете своите планови на дело. Важно е покрај себе да имате личност од доверба. Во љубовниот однос, немојте залудно да пробувате да го промените однесувањето на партнерот. Оваа недела ќе се чувствувате помалку ранливо и заштита ќе побарате во друштвото на саканата личност. Личност со која едноставно можете да седите во потполна тишина без трошка на непријатност ќе ви биде најдобро друштво.
Вага
Делувате енергично на средба со пријателите. Потребно е да имате „широки видици“ во секој погледн. Љубовните немири прифатете ги како пролазна фаза, бидејќи сето ова ќе поттикне ново емотивно зближување со партнерот. Ќе бидете доста активни на забавните настани, па кон крајот на викендот ќе почувствувате голема исцрпеност. Можна е средба со некоја љубов од минатото. Внимавајте како се однесувате.
Шкорпија
Вложувате голем напор да остварите позитивни резултати на секое поле. Важно е правилно да се организирате и да ги испочитувате сите рокови. Склони сте кон чести промени поради емотивното расположение. Ќе имате речиси идеални услови за започнување на нов проект. Ќе го прифатите со особено задоволство, а имате и повеќе од доволно енергија да ги направите првите чекори кон негово реализирање. Сето тоа ќе придонесе за ваша афирмација во средината во која работите.
Стрелец
Активно учествувате во различните преговори, па започнувате иницијатија која ќе ви донесе успех. Партнерот на вас делува инспиративно и ве наведува на слободно изразување. Понекогаш на многу едноставен начин умеете да се поврзете со партнерот. Ќе бидете опкружени со луѓето кои ги сакате, а дружењето ви носи голема радост. Овој викенд внесува многу светло во вашиот живот. Уживајте во убавите моменти. Во љубовта ќе бидете задоволни, а ќе имате и решение за некои проблеми. Кога се во прашање парите не сте склони кон компромиси.
Јарец
Можеби сите информации со кои располагате не претставуваат секогаш сигурни критериуми, но без големи предизвици нема ни поголеми деловни афирмации. Повремено е тешко правилно да го ускладите својот љубовен ритам и афинитети во односот со блиска личност. Добрите вести кои ќе ги слушнете од вашите пријатели во текот на денот, пријатно ќе ве изненадат, со што лесно ќе ги надминете сегашните проблеми. Изгледа вашиот партнер ќе доживее успех и со тоа многу ќе придонесе за заедничката благајна.
Водолија
Делувате многу афирмирано на својата околина и имате доволно слух за некои современи идеи. Обрнете посебно внимание на можноста за поврзување на сите сакани личности. Пробувате да ги разберете некои сличности и разлики кои постојат во односот со саканата личност. Вашата неодлучност ќе ви претставува пречка за извршување на работните задачи. Многу тешко ќе успеете да ја одржите својата рамнотежа како на работното место така и во љубовта. Преголемите обврски ќе ви наметнат доста проблеми и непријатно расположение.
Риби
Важно ви е околината да ги прифати вашите решенија и идеи, кои имаат позитивно влијание на понатамошниот развој на проблемот. Подобро е заеднички да се соочите со саканата личност со сите предности и недостатоци кои постојат во вашиот однос. Оваа недела ќе го поминете во голема напнатост, а тоа значи дека ќе имате одредени проблеми со луѓето. Ако сте во брак или долга врска, постои опасност да почувствувате монотонија во заедничкиот живот, па излез можете да побарате во работата и излегување со пријателите.
Коментари
Loading…