1.За време на втората светска војна, војник од Непал успеал сам да се одбрани против 200 јапонски војници. Битката траела 4 саати при што војникот ја изгубил својата рака, но успеал да убие 31 негови непријатели.
2.Нутела е најголемиот купувач на лешници, купувајќи околу четвртина од вкупното производство на лешници во светот.
3.Паразитот Cymothoa exigua е паразит кој живее во устата на рибите заменувајќи го целиот јазик. Тој е единствен паразит за кој се знае дека може да замени целосен орган.
4.Новороденчињата на пандите се 1/900 од големината на својата мајка и се раѓаат розеви и слепи.
5.Во 1992, тинејџер од Северна Дакота ги изгубил двете раце во незгода на својата фарма. Тој успеал да се јави на брзата помош користејќи молив со неговата уста. Тој преживеал и двете раце му биле вратени на место.
6.Малите пајаци не скокаат користејќи мускули, туку тие можат да го контролираат крвниот притисок во нивните нозе користејќи го како хидрауличен систем за отскокнување.
7.До 1743, вредноста на целзиусовите степени била обратна (точка на вриење на водата била 0 степени, а точна на замрзнување 100).
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…