Фудбалскиот сојуз на Нов Зеланд објави дека нема да одигра пријателски натпревар со Англија, кој беше закажан за 12 ноември.
Мечот што требаше да се одигра на „Вембли“ е откажан затоа што репрезентацијата на Нов Зеланд не сака да ризикува по враќањето од „Островот“ да бидат во самоизолација. На тој начин нема да бидат достапни на своите клубови најмалку 15дена по враќањето.
„Ние не ја донесовме лесно оваа одлука, ова е натпревар што сите сакавме да го играме. Сепак, дури и без играчи кои играат во домашното првенство, останатите ќе бидат подложени на самоизолација. Ова во голема мера ќе ги наруши нивните сезони или дури и професионалната кариера„ рече председателот на Фудбалската Федерација на Нов Зеланд, Ендру Прањели.
Коментари
Loading…