Новак Џоковиќ продолжи со неговиот доминантен старт на Ролан Гарос, откако вчера успеа да го победи Литванецот, светскиот 66ти најдобар тенисер, Рикардас Беранкис во втората рунда. Светскиот број еден рекет победи со резултат 6-1 6-2 -6-2, со што успеа да загуби само 10 гејма во првите 2 натпревари на Ролан Гарос.
Џоковиќ, 33, е еден од фаворитите да го освои овој турнир, со што покажа зошто е тоа така во невеојатната победа за само 1 час и 23 минути. „Се чувствувам многу добро. Се надевам дека ќе можам да продолжам вака“ изјави србинот за медиумите.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…