Играчот за врска, Месут Озил беше изоставен од списокот за играчи кој ќе играат во Европа Лигата за Арсенал оваа сезона. Иднината на 31 годишникот останува неизвесна во екипата на Микел Артета. Германскиот репрезентативец не одиграл натпревар за топџиите уште од Март минатата сезона.

Новото засилување на Арсенал Томас Партеј е на оваа листа и се очекува да дебитира во европските натпреварувања за Арсенал на 22 Октомври против Рапид Виена. Поранешниот фудбалер на Атлетико се придружи на Црвените од Лондон само неколку минути пред завршувањето на летниот трансфер период.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…