Организаторите на Големата Награда на Турција која треба да се одржи во Ноември оваа година по прва пат по 2011 ќе се обидат да ја вратат трката на календарот на F1 за следната сезона. Тие велат дека доколку трката се случи следната сезота таа ќе се одржи во Јули или во Август, а не во Ноември како што е оваа сезона.

Минатите трки во Турција се одржувале во месецот Мај. За оваогодинешното Гран При, организаторите на трката на Истанбулпарк успеаа да продадат над 80,000 билети, но поради зголемување на заболените од коронавирусот во Турција тие беа приморани да ги вратат парите на гледачите. Следната година се надеваат дека ќе привлечат 230,000 гледачи и дека ќе го оборат рекордот за најмногу фанови на една F1 трка во историјата.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…