Петра Квитова стигна до полуфиналето на Ролан Гарос по прв пат од 2012 по победата на Германката Лаура Сигмунд. Чешката тенисерка го задржа својот учинок да не загуби сет и успеа да победи со резултат 6-3 6-3. Квитова ќе се обиде да освои Гренд Слем турнир по несреќниот настан кој и се случи во 2016.

Таа ќе се соочи со Софија Кенин или Даниеле Колинс во полуфиналето во Сабота. Американките Кенин и Колинс ќе се натпреваруваат денеска. „Никогаш не се гледав во полуфиналето после се што се случи. Јас сум многу среќна. Ова за мене е сон и се надевам дека нема да престанам да сонувам“ изјави Квитова за медиумите.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…