Премиерот Борис Џонсон потврди дека се одложува враќањето на навивачите на трибините во Премиер Лигата. Првично се планираше дека навивачите ќе се вратат од 1ви Октомври, но тој план нема да се оствари поради зголемувањето на заболените од коронавирусот во Велика Британија.
„Факт е дека ширењето на коронавирусот ја загрози можноста за повторно отворање на стадионите. Тие требаше да ги отвориме на 1ви Октомври, но поради моменталната ситуација тоа не е возможно.“ изјави премиерот Борис Џонсон.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…