Маурисио Почетино можеби е вистинскиот човек за клупата на Манчестер Јунајтед според поранешниот напаѓач на Црвените Ѓаволи, Димитар Бербатов. Бербатов мисли дека притисокот што го чувствува Солшер најверојатно ќе се зголемува од натправар во натправар.
Солшер беше назначен како замена за Мурињо на клупата на Јунајтед во Декември 2018. Норвежанинот се покажа како одличен стратег во првите 4 месеци од неговиот мандат и заработи тригодишен договор во клубот. Но во последниот период резултатите на Јунајтед се катастрофални и како кривец за тоа се смета тренерот.
„Оле добива некои критики деновиве и можам да ги разберам зошто. Шансите за смена на клупата на Јунајтед стануваат поголеми ако Солшер продолжи по овој пат. Притисокот над неко само ќе расте. Според мене Почетино е вистинскиот избор за оваа работа, еден од најдобрите тренери во светот“ – изјави Димитар Бербатов.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…