Првата тенисерка во светот Симона Халеп испадна од полската тинејџерка Ига Свиатек во четвртата рунда во Ролан Гарос за само 68 минути. Романката беше голем фаворит за освојување на овогодинешниот турнир во Франција, но беше декласирана од Свиатек со резултат 6-1 6-2.
Свиатек прв пат во својата кариера ќе игра во четврт-финалето на Ролан Гарос. Нејзината противничка ќе биде Италијанката Мартина Тревисан откако ја победи Кики Бертенс со резултат 6-4 6-4. „Оваа недела беше како сон за мене и се надевам дека ќе трае подолго“ – изјави Ига Свиатек.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…