Гугл поради пандемијата принудно мораше лансирањето на двата нови модела да го направи онлајн. Гугл официјално ги претстави моделите Pixel 4a 5G и Pixel 5. Двата телефона доаѓат со ефикасниот процесор од Qualcomm, Snapdragon 765G. Овој процесор претходно беше претставен кај OnePlus Nord.

Поефтиниот модел Pixel 4a 5G доаѓа со подобрен екран и процесор за разлика од Pixel 4a кој беше претставен во август. Исто така паѓа фокус на 5G поддршката која не беше присутна кај моделот објавен во август.
Од друга страна пак Pixel 5 доаѓа со истиот процесор, Snapdragon 765G, IP68 рејтинг и безжично полнење кое не е присутно кај поефтиниот модел.
Цената на Pixel 5, според Амазон и BestBuy се очекува да биде околу 700 долари.
Коментари
Loading…