Во синоќешниот натпревар, екипата на Ерик Сполстра доживеа неколку незгоди. Горан Драгиќ доживеа повреда на левото стапало во првото полувреме и не се врати на паркетот до крајот на натпреварот. Потоа Бам Адебајо ја обнови повредата на рамото во 3тата четвртина и истотака остана во соблекувалната.

Иако изгледапе дека слична судбина ќе му се случи на Џими Батлер, кој два пати незгодно нагази на неговиот зглоб, тој го дочека крајот на натпреварот, иако и двата пати нагазувањето изгледаше сериозно. Се надеваме дека не е ништо сериозно кога се во прашање Драгиќ и Адебајо и дека во брзо време ќе се вратат на паркетот.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…