Дванаесеткратниот Ролан Гарос шампион Рафаел Надал ќе игра четврт-финале на овогодинешниот турнир во Франција, откако успеа да го победи Американецот Себастиан Корда. Корда пред натправарот изјави дека Надал е неговиот идол. Шпанецот успеа да победи во само 3 сета со резултат 6-1 6-1 6-2.
Во четврт-финалето тој ќе се натпреварува со победникот од мечот Александер Зверев и Јаник Синер. „Себастиан има светла иднина пред себе, тој е одличен тенисер и има само 20 години. Беше чест да се натправарувам со него“ изјави Шпанецот за неговиот помлад колега.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…