Eddie Redmayne потврди дека снимањето на третиот дел на Fantastic Beasts е продолжено. Фановите на франшизата беа разочарани откако Warner Bros беше приморан да ја запре продукцијата на филмот, но сега стигнаа новите информации и по сите изгледи снимањето се продолжува.
„Интересно е дека започнавме да снимаме сега. Веќе тоа трае 2 недели, но ни треба време да се навикнеме на новиот процес. Постојано тестирање и носење маски. Јас се запрашував дали маските ќе влијаат на перформансот на екипажот, но тоа беше малце себично од моја страна. Тоа што е најбитно е веста дека снимањето се продолжува и полека се се враќа во нормала“ – изјави главната ѕвезда на филмот Eddie Redmayne.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…