Капитенот на Манчестер Јунајтед Хери Мегвајер ќе есе врати во неговата форма по бледите претстави во дресот на Англија и Црвените Ѓаволи, изјави Оле Гунар Солшер. Централниот бек, 27, беше исклучен во натпреварот против Данска во средата во првото полувреме по 2 жолти картони. Од неговото апсење на островот Миконос во Грција тој не е истиот фудбалер.

Мегвајер можно е да го пропушти натпреварот против Њукасл откако се задоби со мала повреда по мечот со Данска. „Хери е одличен играч, знам дека ќе се врати во неговата форма. Знам дека сака да игра и сака да го пронајде излезот од овие неколку минати натпревари во кој одигра слабо и беше многу критикуван“ изјави Солшер.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…