Ансу Фати стана вториот 17 годишен фудбалер кој успеал да постигне 10 погодоци во Ла Лигата за Барселона во победата против Селта Виго. Фати погоди во првата фаза од натпреварот по асистенцијата на Филипе Кутињо. Ова е негов трет гол во 2 натпревари сезонава. Екипата на Коман остана без 1 играч, откако Ленгле доби црвен картон пред крајот на првото полувреме.
Но тоа не беше доволно за се запре доминацијата на Барселона и Каталонците постигнаа уште 2 погодоци во второто полувреме. Единствениот играч кој постигнал 10 погодоци пред да наполни 18 години во Ла Лигата освен Фати е Бојан Кркиќ кој беше член на Барса до 2014.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…