Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи имаат долго очекувана борба во оквирот на UFC254 турнирот на 24ти октомври. Рускиот борец говореше за тоа како би сакал да го добие мечот.
После смртта на неговиот татко и периодот низ кој што помина, Нурмагомедов е спремен да се врати. Тој во Абу Даби ќе се бори за појас лесна категорија со Џастин Гејџи.
“Имам добра гијотина која ја правам со левата рака. Незнам дали ке проработи но на тренингот одлично работи. Исто така имам добра кимура. Ако успеам да седнам на стомакот на противникот ќе го растурам, а ако сум позади неговиот грб лесно ќе можам да изведам гијотина. Нурмагомедов додава, „имам многу техники во својот арсенал“.
Нурмагомедов се осврна и на обвинувањата дека не сака да се бори со Мек Грегор.
“Не се откажав од ништо. Само сега прво треба да се борам со Гејџи. Нема смисла да зборам пред борбата, и што ќе се случи после нејзе. Никогаш не сум го правел тоа„.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…