Шефилд Јунајтед го заврши рекордниот трансфер на клубот за да го потпише младиот играч на Ливерпул, Рајан Брустер. Договорот вреден 23.5 милиони фунти вклучува и buy-back опција и е долг 3 години. Доколку се случи продажба на играчот во иднина, Ливерпул ќе заработи 15% од трансферот.
Брустер, 20, играше за младинските репрезентации на Англија и им помогна да го освојат младинското светско првенство во 2017. Тој беше на позајмица во Свонси минатата сезона и постигна 11 погодоци во 22 натпревари. Шефилд сеуште нема постигнато гол оваа сезона и се наоѓаат на 19тата позиција на табелата на Премиер Лигата.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…