
Играчот за врска на Ливерпул, Тиаго Алкантара е позитивен на корона вирусот и моментално е во самоизолација.
29 годишниот Шпански репрезентативец ова лето потпиша договор со англискиот прволигаш Ливерпул и дебитираше во дербито со Челзи. Но во дербито со Арсенал во EFL купот беше отсутен.
Од Ливерпул јавуваат дека играчот имал благи симптоми но неговата здравствена состојба е добра. На веб страната на клубот се додава дека сите протоколи против борбата со коронавирусот ќе се почитуваат како до сега така и во иднина.
Коментари
Loading…