Натпреварот на Џенова во Серија А против Торино што требаше да се оджи следната сабота, се одложи поради новодетектираните 14 случаеви на коронавирус кај домаќинот, потврдија од лигата. Џенова објави минатиот викенд дека играчот Шоне и голманот Перин добија позитивни тестови.
Во соопштението пишуваше дека клубот ги „активирал сите потребни процедури“ и дека „ги известил властите“ за случаевите. Џенова беше поразена со 6-0 во минатото коло против Наполи.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…