in

Алонсо: Шумахер е едно ниво над Хамилтон

Двократниот F1 шампион, Фернандо Алонсо верува дека Мајкл Шумахер секогаш ќе биде „еден чекор понапред“ од Луис Хамилтон. Хамилтон е само на една победа до рекордот за најмногу победи во Формула 1 на Шумахер и на една титула до израмнување на рекордот за најмногу титули. Но Алонсо верува дека Шумахер е сеуште подобар возач од Британецот.

„Се сеќавам на Мајкл како возач кој тешко се победуваше, возач со неверојатен талент. Луис е добар и најдобар во неговата генерација, но тој не успеа да ја освои титулата кога Џенсон (Батон) беше негов тимски колега. Во Мерцедес истото му се случи со Нико Росберг. Мајкл никогаш не му се случуваа такви работи. Тој секогаш победуваше. За мене, Мајкл е еден степен подобар од Луис“ – изјави Шпанецот.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote