in

Валетино Росси: Борбата за титулата за мене е готова!


Деветкратниот светски шампион Валентино Роси изјави дека не сака да очајува поради пропуштената можност што ја имаше на Големата награда на Каталонија, но дека му е јасно дека шансите за титулата се минимални.

Возачот на Јамаха ја држеше втората позиција на патеката „Катаљуна„. Вештиот Роси, згреши и излета од патеката додека се обидуваше да го стигне водечкиот Фабио Квартар.

По втората последователна трка без место, „Доктор“ сега има 50 бода помалку од младиот Французин на врвот на генералниот поредок и е свесен за ситуацијата во која се наоѓа.

За да не очајуваме, мора да го гледаме овој викенд како многу добар затоа што возев добро, уживав и можев да се борам за победата. Следиме интересна патека кога станува збор за прилагодување на моторот, и иако борбата за титулата е завршена за мене, има многу причини да бидам брз од сега до крајот на сезоната. сè додека математиката не го каже тоа, ништо не е готово “. и додава, „веќе имам три откажувања а два пати паднав по своја грешка, покрај тоа моторот ми се расипа на првата трка. Има уште многу трки пред мене и морам да бидам по брз“.

Овогодишниот Moto GP шампијонат продолжува со големата награда на Франција во Ле Ман на 11ти Октомври.



Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote