in

Венгер: Озил? Еден од најдобрите, уметник, музичар…

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер во интервју за „Велт ам Зонтаф„ зборуваше за неговиот поранешен играч Месут Озил, а по тој повод истакна дека му е жал што не е на нивото на кое заслужува да биде.

Искусниот стратег го опишува фактот дека поранешниот играч за врска на германската репрезентација во тимот на „топџиите“ дошол до еден од водечките играчи до играч кој ја „грее“ клупата.

„Тој е еден од најголемите. Луѓето одат на стадион за да гледаат играчи како него. Не ги знам причините за неговиот пад во спортот. Тој исчезна од радарот кога го напуштив клубот. Тој е неверојатно талентиран играч, како голем музичар и уметник.. Но, веќе нема место за уметниците во модерниот футбал. Зошто не е таму каде што треба да биде е мистерија за мене. Не сум разговарал со него откако заминав„ истакна Венгер.

Сепак 70 годишникот верува дека една од можните причини за моментална состојба за Озил може да биде заминување од германската репрезентација по полемиките што ја придржуваа неговата фотографиај со турскиот председател Реџел Таип Ердоган.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote