in

Вимблдон можно е да се игра зад затворени врати

Одржувањето на Вимблдон следната сезона е број еден приоритет за Англија и одржувањето на турнирот без присуство на публика е една од опциите. Грен Слемот беше одложен оваа година за прв пат по Втората Светска Војна поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Организаторите изјавија дека веќе планираат 3 можни сценарија за следната година: играњето со полн капацитет на трибините, играњето со лимитирање на публиката или играње без присуство на фановите. Турнирот ќе се одржи од 28 Јуни до 11 Јули следната година. Оваа година турнирот во САД се играше без публика, а на Ролан Гарос беа дозволени до 1,000 фанови на еден натпревар.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote