in

Волкот се враќа во Саутемптон по 15 години

Саутемптон го потпиша напаѓачот на Евертон Тео Волкот на едногодишна позајмица. Волкот, кој има 47 настапи за англиската репрезентација, ја започна својата кариера во Саутемптон пред да се пресели во Арсенал во 2006. Евертон го купи од Топџиите во 2019 во трансфер вреден 20 милиони фунти.

„Имав неколку понуди од други клубови, но штом Саутемптон дојде по мене не се двоумев ниту секунда. Клубот е дел од мене и ме направи играчот кој што сум. Саутемптон е моето срце. Веројатно ќе заплачам на првиот настап за клубот. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кој го направија реалност овој трансфер. Искрено, многу сум среќен“ изјави Англичанецот.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote