in

ВОЈНАТА ЗАВРШИ! Ерменија, Азербејџан и Русија потпишаа договор за ставање крај на конфликтот!

Руски и Турски мировници ќе бидат распоредени долж границата во Нагорно Карабах и долж коридорот помеѓу регионот и Ерменија.

Ерменија, Азербејџан и Русија потврдија дека потпишале договор за ставање крај на воениот конфликт во регионот Нагорно Карабах, по повеќе од еден месец крвопролевање.

Ерменскиот премиер Пашинијан ја објави веста за потпишувањето на договорот на социјалните мрежи рано наутро во вторникот, по што беше потврдена од Кремљин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

„Потпишаната трилатерална изјава ќе биде клучна точка во решавањето на конфликтот“, рече Алиев на телевизиската средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Путин рече дека руските мировници ќе бидат распоредени долж границата со Нагорно Карабах и долж коридорот помеѓу регионот и Ерменија.

Тој рече дека се надева оти договорите „ќе ги утврдат условите потребни за долгорочно и целосно решавање на кризата во Нагорно Карабах“.

Рускиот министер за одбрана потврди дека Русија започнала да распоредува скоро 2.000 мировници, додека Алиев најави учество на Турција во мировниот процес.

Декларацијата беше потпишана по шест недели борби и напредувањето на азербејџанските сили.

Баку во понеделникот рече дека превзел уште неколку десетици населени места во Нагорно Карабах, еден ден по прогласувањето победа во битката за стратешки важен град.

„Одлуката е донесена врз основа на внимателна анализа на состојбата на бојното поле и разговори со најдобрите експерти на теренот“, рече ерменскиот премиер, цитиран од Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

“Ова не е победа, но нема пораз ако не се сметате себеси за поразени. Никогаш нема да се сметаме себеси за поразени, и ова ќе биде нов почеток на нашето национално единство и преродба”, додаде Пашинијан.

Борбите, за кои се верува дека убија неколку илјади луѓе, предизвикаа страв дека војната може да го зафати поширокиот регион, бидејќи Турција го поддржува Азербејџан, додека Русија има договор со Ерменија, каде има и воена база.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote