in

Гвардиола: Знам, тој сака да оди во Барса, ќе видиме…

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за желбата на младиот дефанзивец Ерик Гарсија да го напушти клубот од „Етихад“ и да се пресели во Барселона.

19-годишниот фудбалер дојде во Англија во 2016 година за 1.7 милиони евра од каталонскиот клуб.

Знам дека Гарсија сака да го напушти клубот и дека Барселона го посакува, но нема договор меѓу клубовите. Не знам како ќе заврши сето ова„ рече Гвардиола, како што објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Каталонскиот клуб наводно ќе се обиде уште еднаш да ги убеди челниците на „граѓаните“ да го одобрат трансферот, а доколку клубот од Манчестер повторно ја одбие понудата, играчот ќе се пресели на Камп Ноу на крајот од договорот во јуни 2021 година како слободен играч.

Гарсија минатата сезона одигра 25 натпревари за Сити во сите натпреварувања и дебитираше за сениорската репрезентација на Шпанија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote