in

Големата Награда на Виетнам официјално откажана

Организаторите на Виетнамското Гран При го потврдија откажувањето на првата трка за F1 во историјата на државата поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. Трката оргинално беше закажана да се одржи во Април, за потоа да биде одложена поради Ковид-19.

Властите на градот Ханои изјавија дека имаа надежи во Јули дека трката ќе може да се презакаже за Ноември. Но Формула 1 одлучи да ги исклучи трките во Кина и Виетнам за оваа сезона уште во Август. „Ова е тешка одлука за нас, но е единствената солуција која можеме да ја примениме во ваквата ситуација. Ова го правиме поради безбедноста на нашите граѓани“ соопштија организаторите на трката.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote