in

Доминик Тим се намачи за да стигне до четврт-финалето

Доминик Тим преживеа силен отпор од светскиот број 239 Хуго Гастон и се помачи за да стигне во следната рунда од Ролан Гарос по натпреварот со 5 сетови. Австриецот изгледаше дека лесно ќе го добие натпреварот откако ги освои првите два сета, но инспирираниот Гастон не се откажа и беше одлучен да го повтори натпреварот од 2015 против Вавринка во кој што победи.

Но на крајот победата се покажа како преголем залак за Французот во кој остана без сила во последниот сет. Доминик Тим на крајот победи со резултат 6-4 6-4 5-7 3-6 6-3. Австриецот имаше само пофални зборови за својот противник и изјави: „Доколку Гастон продолжи да игра вака тој ќе биде голем играч“. Во следното коло Тим се сретнува со Аргентинецот Диего Шварцман.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote