in ,

Емотивна порака на Елиф Елмас пред мечот со Косово

Репрезентацијата на Македонија во полуфиналето на баражот за Европското првенство ја победи селекцијата на Косово со 2:1. Триумфот добива уште поголема важност ако се знае дека од тимот изостануваше младата ѕвезда Елиф Елмас.

Fudbalska reprezentacija Severne Makedonije, Darko Velkoski
Репрезентацијата на Македонија дома славеше со 2:1 против репрезентацијата на Косово

Играчот на Наполи го пропушти мечот поради коронавирусот. Но излезе со емотивна поддршка на своите соиграчи од репрезентацијата.
Не можам да бидам дел од вас, но тоа е тоа, да сум здрав и жив. Моето срце е засекогаш со вас. Сакам тоа да го знаете. Ви посакувам многу среќа, знаете за што играте, знаете дека играте за големо натпреварување како што е Европското првенство. Да играте за бате Горан, да играте за цела Македонија, за целата нација. За вас, за вашето семејство, за децата кои сонуваат да ве видат во големото натпреварување. Знам и сигурен сум дека ќе успееме да се квалификуваме за вакво големо натпреварување. Немам повеќе што да кажам. Се гордеам со вас!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote