in

Ибрахимович ќе го игра дербито со цигара во уста!

Во сабота се игра големото дерби „ла Мадонна“ помеѓу Интер и Милан, а гостите ќе бидат појаки со опоравениот шведски ветеран, Златан Ибрахимович.

Напаѓачот на Милан, кон крајот на септември беше позитивен на коронавирусот и ги пропушти последните четири утакмици на „Росоњерите“ пред репрезентативната пауза.

Последниот меч го изигра против Болоња, постигна два гола и стигна до бројка 14 гола на 22 утакмици откако се врати на Сан Сиро. Извондредна статистика за играч кој влегува во својата пета деценија од животот.
Меѓутоа, навивачите се загрижени тоа дали Златан ќе биде спремен за дербито после прележаниот вирус.

„Дали ќе биде спремен? Ќе биде најдобриот на теренот!“ уверен е некогашниот италијански голгетер Кристијан Виери, кој исто како Ибрахимович играше за двата тима.
Виери верува дека швеѓанецот ќе заблеска. „Ментално е појак од сите. Ќе игра со цигара во уста, верувајте ми!„

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote