in ,

Леброн Џејмс: Искуството е најдобриот учител!

Леброн Џејмс во својот стил, ги започна големите финалиња во НБА. Во убедливиот триумф за Лејкерси против Мајами 116:98, му недостасуваше асистенција за нов трипл дабл. Најпознатиот кошаркар на денешницата мечот го заврши со 25 поени, 13 скока и девет асистенции.

LeBron James

“Се чувствувам одлично. Подолго време се подготвуваме за овој момент. Со или без навивачи. Најважно ми е да бидам повторно во финалето„ истакна 35 годишниот ас.

Ова е јубилејното десетто финале на Џејмс. Освои три прстени, два со Мајами во 2012 и 2013 година и еден со Кливленд во 2016 година. Тој беше поразен шест пати на мечевите за титулата. Затоа е претпазлив и покрај убедливиот триумф на првиот дел.

Вториот финален натпревар помеѓу Лејкерси и Хитс е закажан за ноќта помеѓу петок и сабота во три часот после полноќ.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote