Џејми Варди постигна хет-трик на неверојатната победа на Лестер против Манчестер Сити. Иако започнаа одлично со погодокот на Махрез уште во 4тата минута, играта на граѓаните тотално се промени во второто полувреме. Варди го постигна својот прв гол пред полувремето од белата точка. Во второто полувреме тој постигна маестрален гол со пета по центаршутот на Кастањ и му овозможи на Лестер водство од 2-1.
Третиот свој гол го постигна исто така од пенал. Фантастичен гол постигна и Медисон само неколку минути откако влезе во игра. Конечниот резултат беше 2-5 за гостите. Екипата на Гвардиола го доживеа најголемиот пораз откако тој стана тренер. Сега Граѓаните се наоѓаат на 13тата позиција и ова не е старт на сезоната каков што се надеваа. Гвардиола изјави дека итно ќе се насочи на детектирање и решавање на проблемот на својата екипа.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…